Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) го осуди физичкиот напад врз новинарот на телевизија „Телма“ Павле Беловски, кој беше нападнат вчеравечер пред Министерството за внатрешни работи.
– Нападот на новинарот Беловски е смислен атак врз слободата на медиумите оркестриран од одредени структури на МВР, кои сакаат да ги одвратат новинарите да известуваат за нивните опструкции на истрагата на СЈО, се вели во соопштението од ЗНМ.
Здружението на новинари на Македонија го поздравува брзото приведување на насилникот и бара од МВР случајот да се расветли до крај и да поднесе кривични пријави против насилникот и, како што наведува, неговите инспиратори.
– Нападот на новинарот Беловски е смислен атак врз слободата на медиумите оркестриран од одредени структури на МВР, кои сакаат да ги одвратат новинарите да известуваат за нивните опструкции на истрагата на СЈО, се вели во соопштението од ЗНМ.
За поврзани вести продолжете надолу
