Живот под отворено небо: Институциите молчат, градот ветува

Со мразулци на импровизираниот шатор секое утро се буди педесет годишниот Благоја Бошков, сторија на 24 Вести.

Судбината си поиграла со овој човек, некогаш со свој занает, свој дом свое семејство кое тој го издржувал, а денеска бездомник. Осум години се бори со студот и сиромаштијата.

„Кога станувам наутро го пуштам најлончево, мраз е, паѓа се врз мене. немам облека, немам ништо. Дојде еден господин и ми донесе за храна, а од Црвениот крст немам никаква помош“ – вели тој.

Но, освен тоа што семејството го заборавило, тој е заборавен и од институциите. Тропнал на вратите на државните институции ,но одговор за помош од државата сеуште нема.

„Поднесов документи за пензија и туѓа нега, нема ништо“ – вели тој.

Иако живее во центарот на градот, тој е далеку од очите на јавноста. Маката вели во се гледа и на неговиот прерано остарен лик.

„Јас сум јунак над јунаците, двапати опериран сум“. – вели тој.

Неговите желби во Новата година се скромни, здравје и можност за пристоен живот и топол дом.

„Треба еден кров да има за бездомници. мене споменик што ќе ми е, да легнам под него?“ – вели Благоја.

Благоја засега живее од милостината на хуманите луѓе, но како што самиот ни рече тоа не е доволно. Секој ден треба да се јаде, секој ден треба да се облече, и треба да се живее како човек.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e