Жешка седница на ЦП на ДУИ: Мнозинството контра Ахмети, Aсани и Груби

Седницата на централното претседателство на ДУИ околу дефинирање на точките за отпочнување на преговори за составување нова влада, според извори на Либертас од партијата, поминала во жешка полемика помеѓу двата табора – про и контра повторно коалиција со Груевски.

Лидерот на партијата Али Ахмети, според нивните извори, повеќе бил за уште едно коалицирање со ВМРО ДПМНЕ за разлика од мнозинството кои биле против.

Во расправијата дебатирале дали и што би добиле ако повторно одат со Груевски, а од другиот табор аргументирале дека еднаш електоратот на последните парламентарни избори ги казнил и дека следниот пат особено по изборната кампања на Груевски и неговите интервјуа деновиве, заслужено ќе ги казни повеќе.

Мнозинството барале продолжувањето на мандатот на СЈО да биде во платформата за преговори наспроти ставот на Груевски дека ВМРО ДПМНЕ е СЈО да не добие нов продолжен мандат односно да биде укинато,

Интересно било гласањето за точките во платформата за преговори во која меѓу другите е СЈО да продолжи да работи.

Нивниот партиски извор тврди дека лидерот Ахмети бил против тоа нов мандат за СЈО да биде услов во преговорите за нова влада односно повеќе навивал за простор за коалицирање со Груевски. Со ставот на Ахмети се согласувал и Бекир Асани, шеф на изборниот штаб на последните избори и Артан Груби шеф на кабинетот на Ахмети.

Муса Џафери решил да молчи и да не се изјаснува дали е за коалиција со ВМРО ДПМНЕ или со СДСМ.

Сепак поголемиот дел од членовите на централното претседателство на ДУИ не се согласувале со ставот на лидерот и ја надгласале неговата желба повеќе простор за договор за нова влада да му дадат на Груевски

Со реакција до порталот Либертас се јавија од ДУИ дека тоа целосна невистина и дека централното претседателство гласале едногласно, Либертас вели дека останува на оргиналниот напис.

Извор: Либертас

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e