Заменик-министерот за надворешни работи Андреј Жерновски денеска се обрати на предавањето на тема „Француската политика во областа на одбраната: Европа и НАТО“ кое се одржа во Министерството за надворешни работи.
Жерновски истакна дека смета оти земјава е подготвена да стане 30-та членка на НАТО и оти треба да ги почне преговорите за членство во Европската унија, да преговара под променет процес на мониторирање за да стане членка, затоа што, како што вели таа таму припаѓа. За да ги оствари овие цели, вели Жерновски, актуелната Влада донела многу тешки одлуки
–Имаме највисоко ниво на институционална подготвеност за да бидеме 30 земја-членка на НАТО. Очекуваме протоколот да го ратификуваат уште Франција, Шпанија и Холандија. Се надеваме дека поради изборите нема во Шпанија нема да се пролонгира тој процес, рече заминик-министерот за надворешни работи.
Тој додаде дека земјава де факто е дел од Алијансата и оти се очекува и де јуре да стане членка. Жерновски смета дека нема алтернативни решенија во замена за ЕУ. Нашата перспектива, додава, е многу јасна. Доколку сите земји од Западен Балкан се опкружени и се граничат со земји од Унијата не гледа логика и ние да не станеме дел.