Еден час откако стана мандатар, Груевски има теоретски шанси да состави влада единствено со ДУИ и ДПА. Теоретски, таа влада би имала 63 пратеници (51+10+2), доколку сите пратеници се послушни и ја прифатат евентуалната партиска одлука за коалицирање.
Беса и Алијанса на Албанците отфрлија потенцијална соработка со Груевски. Причини – шовинистичката кампања и обвиненијата/сомненијата за криминал.
Поради непринципиелната коалиција со Груевски, ДУИ беше казнета со одлевање на околу 67 илјади гласачи за 2 години и изгуби 9 пратеници!
Поради извршување наредби од страна на „Началникот“ (обелоденети со снимките), ДПА беше казнета со одлевање на околу 35 илјади гласачи за 2 години и изгуби 5 пратеници!
Ако ДУИ и ДПА одлучат дека не се доволно казнети од нивните гласачи заради коалицирањето со криминалецот и шовинист Груевски, слободно нека формираат влада со него.
Фејсбук статус на Жарко Трајановски, граѓански активист