Зградата на ССМ повторно окупирана од четирите гранкови синдикати

Синдикалците се собраа во зградата на ССМ откако на огласна табла виделе известување дека нивните работи ќе бидат отстранети од канцелариите.

Разрешениот Живко Митревски непосредно пред Нова година ги исклучи четирите најголеми грански синдикати и со приватно обезбедување го попречуваше влезот во зградата.

Адвокатите на новото претседателство велат дека тој повеќе не е синдикалец и нема право да донесува никакви одлуки. Работниците најавија дека ќе останат во зградата се додека Централен регистар не го впише името на новиот в.д. претседател Дарко Димовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e