Земјотресот што се почувствува во Македонија имал епицентар северно од Тирана

Силниот земјотрес што во 15.53 часот се почувствува во западниот дел на Македонија имал епицентар на 55 километри северно од Тирана, односно на 32 километри источно од градот Леж.

Магнитудата изнесувала 5,2 степени, а хипоцентарот, односно длабочината на земјотресот кој се случи во 15.53 часот бил на 10 километри под површината, се дознава од веб-сајтот на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Земјотресот во Скопје беше почувствуван како хоризонтален, односно „лулаше“, а регистриран е и од Сеизмолошката опсерваторија во Скопје, според тоа што може да се види на нејзиниот веб-сајт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e