Во четвртиот квартал од 2018 година економијата расте за 3,7 отсто, економските политики на Владата на Република Северна Македонија ги даваат очекуваните резултатите.
Земјоделството во четвртиот квартал од 2018-та бележи пораст, со што како сектор има позитивен придонес во вкупниот раст на бруто-домашниот производ.
Споредено со претходните квартали кога имавме негативен тренд и состојбата што ја наследивме во 2017 година, кога учеството на земјоделството во вкупното БДП беше негативно, сегашните податоци покажуваат дека земјоделството се стабилизира. Излегуваме од континуираната негативна состојба, што е резултат на зголемено производство и на зголемени обработливи површини.
Во 2017 година се обработувале вкупно 226.117 хектари, а во 2018 година 229.414 хектари.
