Земјоделците со ултиматум до власта, субвенции или блокада на скопските улици

Ако во наредните 24 часа не се сретнат со министрите за земјоделство Михаил Цветков и за финансии Кириил Миновски, земјоделците ќе ги блокираат сите влезови и излези на Скопје. Бараат со двајцата министри и со директорот на Платежната агенција Игор Златков да најдат решение како да се исплат субвенциите. Во спротивно, протестите ќе ескалираат, пренесува Алсат М.

„Да знаете дека Град Скопје ќе биде парализиран тотално. Нема да функционира дури ни леб да се купи. Овде во Скопје ќе ја донесеме стоката. И машини, целата механизација овде ќе ја донесеме. Стоката крави, овци, свињи се овде ќе биде тука нека пасат. “ – вели Хевзи Бреза, сточар

„Кога дојде оваа влада на власт, земјоделството го однесе во хаос. Таква Влада не ни треба. А Аризанов, Стаменов и Шаклев зборуваат во центар на Скоје за платформи. Кои платформи? Наместо да расправаат за ниските откупни цени, тие расправаат за платформи. Каде се сега да ги земат тракторите и багерите за да ги поддржат земјоделците.“ – изјави Методи Милков, лозар

„Бараме Влада која нема да не казни и нема да ни се одмазди затоа што сме тука. Ние си ги бараме нашите права, ништо повеќе. Ние ги бараме парите за да преживееме. Бараме Влада која нема да не пљачка и со нашите пари да манипулира.“ – порача Бедри Ајдари, земјоделец

Од Министерството за финансии со писмен одговор за тоа зошто нема пари на земјоделците:

„Министерот Миновски не бега од средби, проблемот не е во Министсерството за финанси туку во одредбите од Кривичниот Закон. Доколку се укинат спорните одредби нема да постојат никакви пречки за исплата на субвенциите“ велат од финансии.

Ова би значело дека Министерот Кирил Миноски се плаши да не заврши во затвор ако ги исплати парите. Инаку, земјоделците треба да добијат околу 100 милини евра за субвенции, пари што државата им ги должи за оваа, но и претходните две години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e