Заврши средбата на Заев со Хан: Која е заедничката порака?

Пораките на комесарот Хан и тројцата европратеници се јасни, зборувавме дека мора да се убрзаат процесите, но тоа не значи дека треба да престанеме да бидеме внимателни, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Тој кажа дека трошење на повеќе денови е ризик за Македонија и се надева дека ќе има сенс од другите политичари бидејќи партиите постојат единствено за државата.

Заев кажа дека очекува Собранието да се состане до крајот на оваа недела и мисли дека откако новиот претседател на Собранието ќе испрати писмо до Иванов, тој конечно ќе го даде мандатот.

Според лидерот на СДСМ, инаетот на некои политичари ја носи Македонија кон лоша иднина. На прашање дали доколку екс-претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски не закаже конститутивна седница ќе го активираат најстариот пратеник, Заев одговори дека деловничките можности се отворени, но тие сакаат да се решава кризата по пат на дијалог.

Комесатот Хан уште пред да дојде во Македонија порача дека парламентарното мнозинство треба да направи влада и повика да не се потпалуват меѓуетничките тензии во државата.

Целата изјава на Заев заедно со прашањата на новинарите погледнете ја во следното видео:

Извор: А1он

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e