Заврши состанокот во ДУИ без да се постигне некаков договор: Мандатот оди во рацете на СДСМ?

Предмалку заврши состанокот на претседателството на ДУИ, по што на пресконференција се обрати партискиот портпарол, Бујар Османи.

Османи изјави дека не е донесена никаква одлука бидејки не е изграден заеднички став позади кое од петте сценарија партијата ќе застане и дека по овие неколку дена интензивни внатрепартиски консултации но исто така и консултации со политичките партии и претставниците на меѓународната заедница немало изграден заеднички став со опглед на тоа дека постоеле и ЗА и НЕ аргументи за некои од сценаријата.

Османи посочи дека следните денови ќе продолжат разговорите се додека не се изнајде најпаметното решение кое ќе ги брани интересите на албанските гласачи.

На прашањето дали ова значи дека Груевски треба да го врати мандатот тој одговори дека проекциите за тоа што ќе се случува со мадантот од утре ги остава на  новинарите и се наврати на тоа дека тој е тука за да посочи дека унифицирана одлука околу сценаријата ДУИ сеуште нема донесено.

Согласно Уставот денеска на полноќ истече времето во кое Груевски и ВМРО -ДПМНЕ имаа рок да формираат влада по што треба да го вратат мандатот на претседателот Иванов кој потоа треба да го додели на втората по број на пратенички мандати освоени на изборите, СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e