Пред седиштето на ДУИ во Мала Речица изјава даде Бујар Османи кој истакна дека во партијата се уште анализираат дали ќе коалицираат со ВМРО ДПМНЕ или ќе продолжат со консултациите.
Средбата заврши без конкретен внатрепартиски договор и како што порача Османи, состаноците во ДУИ ќе продолжат утре. Кога евентуално ќе има финални предлози ќе биде свикана средба на претседателството на партијата.
„ Состојбата е малку поделикатна за одлучување. Знаеме дека и роковите се кратки, затоа и овие консултации се интензивни, но моментално немаме одлука, па ќе продолжиме и во текот на утрешниот ден. Разговараме со сите политички партии, прашање на одлука во ДУИ е која опција ќе ја избереме. Во ДУИ правиме анализи за и против за аргументите за секоја опција, сè уште немаме одлука, претседателот прави анализи со членовите на партијата во сите нивоа и со луѓе кои не се од ДУИ, но моментално немаме одлука.“ – изјави Бујар Османи, Портпарол на ДУИ