Со изменување и дополнувањето на законот за вино се усогласуваме со ЕУ регулативите што ќе допринесе за зголемен пласман на македонско вино на пазарите на ЕУ, особено на нови производи како органско вино, ароматизирани вина и пијалаци кои се базираат на вино. – информира Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Новиот закон ги олеснува условите за производство на вино кај малите винарии и физички лица производители на вино и со тоа позитивно влијаеме на равојот на винскиот и рурален туризам.Сето ова е резултат на бројни консултации со сите засегнати страни преку работни групи и јавни расправи со што заедно допринесуваме за развој на винската индустрија. – потенцира Николовски.
