Законски измени за спас на Канческа-Милевска, Кочан и Грујовски

Во Собранието по скратена постапка се внесени два закони – измени и дополнувања на Кривичниот законик и нов закон за за спречување на корупција и судир на интереси. Опозицијата обвини дека закони се носат со брзање и на шверцерски начин.

На денешната седница се очекува да се види дали од обвиненијата ќе се извлечат поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска, која гласаше за уставните измени и бизнисменот Сеад Кочан, преку гласот на Зекир Рамчиловиќ од независната пратеничка група.

Се шпекулира дека измените на Кривичниот законик, во делот кој ја регулира злоупотребата на службената положба преку јавни набавки се прави за да се протурка амнестија, односно можност десетици обвинети или осомничени во предмети на СЈО да добијат пониски казни.

Ќе се менува член 353 став 5 од Кривичниот законик, по кој меѓудругите се осомничени се и Елизабета Канческа-Милевска за случајот „Тендери“, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Тони Јакимовски, Сашо Мијалков, Горан Грујевски и Небојша Стајковиќ во „Трезор“, Владимир Пешевски и Миле Јанакиески во „Траекторија“.

Според измените, кои се договараа минатата недела, тие би добиле поблаги казни или би биле ослободени од гонење. Измените во Законот се во име на „помирувањето“ и гласањето на уставните измени и реформските закони.

ВМРО-ДПМНЕ на лидерските средби бараше намалување на затворските казни за злоупотреба на службената положба, што беше протолкувано како можност да застарат делата проти обвинетите од СЈО, а СДСМ повеќе пати излезе со соопштенија дека тоа нема да биде прифатено.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e