Лидерот на СДСМ, Зоран Заев утрово е во државното Јавно обвинителство каде дава исказ како оштетен за нападите на крвавиот четврток во Собранието.
ОЈО ги повика пратениците кои беа присутни во Собранието за време на крвавото насилство што се случи по упадот од протестот на иницијативата „За заедничка Македонија“.
Досега се приведени повеќе лица, а ОЈО ги товари за повеќе кривични дела, најчесто за „учество во толпа што ќе стори кривично дело“. Најтешкото дело за кое се товарат двајца од осомничените е „убиство во обид“ извршено врз пратеникот Зијадин Села.