Заев во Обвинителството: Шестмина пратеници од ВМРО-ДПМНЕ го овозможиле нападот во Собрание

Повеќе од еден час лидерот на СДСМ Зоран Заев се задржа во Обвинителството каде пред надлежниот јавен обвинител даваше исказ за крвавиот четврток и нападот врз него, колегите пратеници и новинарите.

Во изјава за медиумите Заев истакна дека во целиот напад кој бил организиран, биле вклучени и шестмина пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, од кои еден дел ги отвориле вратите на главниот влез на Собраниеот, а другите им овозможиле на насилниците да стигнат до прес – центарот.

Како што рече Заев сето ова, но и детали за нападот и пренел на обвинителката и очекува дека професионалните луѓе од Обвинителството ќе препознаат дека нападот бил смислен, а насилствата кои ги сториле инволвираните се тешки кривични дела и обид за убиство.

Во текот на денот се очекува пред Обвинителството како оштетени да се јават и други пратеници од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e