Заев: Со ваква понуда нема дилема, ќе победиме на 12. април

-Со ваква понуда нема дилема, ние сме победници на 12. април. Победници сме, почитувани граѓани затоа што обединуваме, околу вредностите и визиите што значат развој, напредок, подобар живот за нашиот народ, за нашите деца. – порача лидерот на СДСМ Зоран Заев по завршувањето на 24. Конгрес на кој беа презентирани носителите на изборните единици за претстојните избори.

-Нема застанување, нема враќање назад!  – рече Заев кој вети дека во новиот мандат ќе покажат дека „Можеме уште подобро уште повеќе!“ и потенцираше дека важно е да продолжи растот на платите и пензиите, реформите, инвестициите, инфраструктурните проекти…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e