-Март месец ќе биде месецот на вакцинирање. Се надевам дека можеме тоа и порано да го постигнеме, затоа што целиот систем значи испорака на вакцината, согласно протоколите, изјави премиерот Зоран Заев во емисијата „Само интервју“.
Тој истакна дека 20 проценти од населението е протокол за вакцинирање, односно 417 000 граѓани.
Тоа кој кога почнал со вакцинирање, дали има 1000 или 5000 вакцини по земја, е навистина покажување на мускули или примат кој е прв. Јас не сум човек кој што гледа на работите по пат на натпревар од таков карактер. Ние сме вградени во сите системи и сме ги уплатиле авансите за вакцините, појасни Заев на прашањето зошто дел од земјите во регионот веќе започнаа со вакцинација.