Заев: Трезвено до излез од кризата

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев се надева дека час поскоро институциите ќе бидат одблокирани. Тој во изјава за АлсатМ телeвизија вели дека парламентарното мнозинство прави сè што е во негова моќ, во рамки на Уставот и на Деловникот да се најде решение за излез од моменталната состојба.

Тој вели дека СДСМ и натаму ја има поддршката од албанските партии и оти со нивните лидери имаат редовни средби.

„Ние сме потенцијални коалициони партнери. Имаме средби со Ахмети, со Села, со Касами, со пратеникoт од ДПА, континуирани се средбите. Она што сите не става во позиција на трезвени политичари е да избегнеме секаков вид на провокација, можно насилство, затоа што Македонија е изморена од овој режим којшто ја има окупирано и душата на нашиот народ“, вели Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e