Лидерот на СДСМ Зоран Заев, пред средбата со Биљал Касами од БЕСА која во моментов се одржува во Собранието на Р.Македонија, изјави дека составот на новата влада нема да се знае пред понеделник.
Заев вели дека очекува да се усогласат внатрепартиските ставови на партиите од албанскиот блок и дека очекува час поскоро да биде затворено тоа прашање.