Заев: Сите функционери на државно и локално ниво и јавната администрација ќе земаат плата од 14. 500 денари за април и мај

Претседателот на СДСМ Зоран Заев, на денешната прес-конференција кажа дека платите на функционерите ќе бидат сведени на минимум.

„Сите функционери на државно и локално ниво премиер, вицепремиер, раководители, судии, обвинители ќе зeмаат минимална плата од 14. 500 денари за април и мај.

Истото важи и за јавниот сектор, јавната администрација на државно и локално ниво, ќе земаат плата од 14. 500 денари за април и мај.

Ова не се однесува на докторите, медицинскиот персонал, полицајците и војниците кои помагаат за справување со коронавирусот“, рече Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e