Претседателот на СДСМ, Зоран Заев на прес – конференција, по донесувањето на Законот за ЈО, изјави дека со овој закон е ставен уште еден темел за неселективна правда.
„За тоа се изборија две третини од пратениците во Собранието“, рече Заев.
Вели дека пратениците ги победиле притисоците и придонеле за европска иднина. Според Заев ова е историска победа против криминалот и крадењето на пари.
Жали што ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за правна држава и за европската иднина, што укажува, како што кажа Заев, дека кај нив ништо не е сменето.
„Не дозволивме да се загрози правдата и европската иднина на земјата. Овој чекор напред е јасен сигнал дека не се откажуваме.“ – рече Заев.