Заев по повод роденденот на СДСМ: Ќе успееме во промените затоа што веруваме во нив!

Нашата определба за демократските вредности, 26 години е столб на нашата заедничка држава Република Македонија.

Нашата сила е заедничката надеж дека е можен напредок, подготвеноста да бидеме подобри денес од вчера, одлучноста да ги споиме различностите кои се наша предност, а не слабост.

Ќе успееме во промените затоа што веруваме во нив, затоа што знаеме кон што се движиме и затоа што сме искрени во нашата цел да овозможиме живот за сите во Република Македонија.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија 26 години е и ќе биде државотворна партија посветена на заедничкото добро. Нека ни е честит роденденот! – напиша Заев во честитката.

17952841_10155347668262932_4361432839549008006_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e