Државата ни е изградена на принципите на солидарност, меѓусебно помагање и почитување. Затоа, економскиот тим на СДСМ кој го водам и го координирам како претседател подготви огромен пакет економски мерки, кој го доставуваме до Владата за натамошно разгледување и усвојување. Ова се дел од предложените мерки за справување со економските последици предизвикани од коронавирусот:
1. Минимална плата за април и мај, обезбедена од државата, за секој работник во приватните фирми погодени од кризата
2. Месечна плата (паричен надоместок) за граѓаните што останале без работа поради кризата, во висина од 50% од просечната плата на работникот
3. Сите функционери и раководители одат на минимална плата
4. Сите вработени во јавен сектор одат на минимална плата
5. Претседателите и членовите на советите во општините, управни и надзорни одбори на јавни институции ќе работат без надоместок
Само здравје да има! Економијата ќе успее! – порача лидерот на СДСМ Зоран Заев.