Заев: Ние продолжуваме да го следиме примерот на миротворецот Борис Трајковски

Денеска се навршуваат 16 години од трагичната смрт на миротворецот Борис Трајковски, еден од потписниците на Охридскиот Рамковен договор во 2001. „Блажени се тие што градат мир…“ е дел од библиската порака од неговиот надгробен споменик која е аманет за сите политичари, пишува Заев на својот ФБ профил.

Претседателот Борис Трајковски вечно ќе остане запаметен како чесен и доблесен, проевропски политичар, посветен на сите граѓани и на поголема регионална и меѓународна соработка на нашата држава.

Ние продолжуваме да го следиме неговиот пример, градејќи мир, едно општество и соработка со сите наши соседи, заклучува Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e