Заев: Не можам да бидам задоволен од луѓе кои не доаѓаат на работа

Премиерот Зоран Заев на прес-конференција во Владата прашан за тоа дали е задоволен од кадрите на ДУИ во Владата, вицепремиерот Хазби Лика и министерот за економија Крешник Бектеши.
Премиерот рече дека не може да е задоволен од луѓе кои не доаѓаат на работа и не си ја вршат својата задача.

-Од министерот Крешник Бектеши сум задоволен од извршувањето на работата, истакна Заев.

Потенцира дека би бил позадоволен доколку сите доаѓаат на работа, а тоа, според него, значи исполнување на сервисната ориентација на граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e