Заев на средба со таксистите: Елиминирање на нелегалните такси услуги, фискализација и квалитет

Премиерот Зоран Заев денеска прими делегација на Асоцијацијата на легални такси превозници кои на средбата ги изразија своите очекувања за брзо донесување на законските измени со кои треба да се реши прашањето на нелегалните такси превозници и компании, можностите за целосна фискализација во такси превозот, како и за проширување на можностите за субвенции за електрични возила, информираат од Владата.

На средбата, според информациите, Заев истакнал дека прашањата што ги засегаат претставниците на Асоцијацијата на легални такси превозници, кои вработуваат повеќе од 4.000 граѓани, се од интерес и за Владата, особено во делот на фискализацијата и елиминирањето на сивата економија, и во однос на квалитетот на такси услугите за граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e