Процесот кој го започнавме во почетокот на 2015 година, со проектот „Вистината за Македонија“, ја потврдува посветеноста на СДСМ за афирмација на стратешките национални и државни вредности на Република Македонија. Граѓаните тоа го препознаа – барањата за напуштањето на десетгодишната политика на уништувањето на културната идентификација, националната посебност, етничките делби, политичката корупција, мафијата и организираниот криминалитет, говорот на омраза, партизацијата на институциите, економското пропаѓање, медиумските хајки и нарачаните судски процеси се неповратни процеси.
Република Македонија ќе биде правна држава во која ќе владее правото а граѓаните ќе бидат еднакви пред законите.
Време е за нов почеток. За нова општествена енергија која ќе го сопре бранот на иселувањето на младата генерација. Време е за нова национална мобилизација – Македонци, Албанци, Власи, Турци, Срби, Бошњаци, Роми да се сплотат кон определбата за слободно и демократко македонско општество во целината на европската заедница.
Ова е патоказот кој ќе не’ доведе на 11 декември 2016 година, на вонредните парламентарни избори, да го означиме новиот историски исчекор во афирмацијата на современата македонска државност. За Победа! За Македонија!
Фејсбук статус на претседателот на СДСМ, Зоран Заев.