Зоран Заев ја повикува министерката Мизрахи да не ги чува во фиока измените на Законот за материјално обезбедување на стечајците и да даде позитивно мислење:
„Владата предводена од СДСМ материјално обезбеди 12.000 стечајни работници за 2 и пол години, со што покажавме дека вистински се грижиме за најранливите.
Ја повикувам министерката Мизрахи, да даде позитивно мислење за измените на Законот за материјално обезбедување на стечајци, за да се реши овој горлив проблем на нашите сограѓани.“, напиша Заев.