Видео материјал за сработеното во две и пол години откако СДСМ дојде на власт беше прикажано на почетокот на 24. Конгрес на СДСМ, на кој се бираат кандидатите за пратеници на престојните парламентарни избори.
Инфраструктурата, здравството, гасификацијата, социјалата, решение на спорови со соседните земји и влезот во НАТО се само дел од рекламната порака, на која порачуваат дека вложиле во она што е најважното.
„Кревавме плати додека ја враќавме слободата. Државата од стагнација и изолација, денес е 30-та земја членка на НАТО и на почеток на преговори со ЕУ“, порача лидерот на СДСМ Зоран Заев во своето обраќање.