Oткако претседателот на СДСМ, Зоран Заев доби мандат да формира Влада по гаранциите што ги даде дека ќе ја зачува унитарноста на државата, деновиве е во интензивни преговори за Влада. Вест.мк го праша мандатарот каде ќе живее, дали на релација Скопје-Струмица, во премиерската вила со семејството, или пак, има некој трет план.
– Планирам да живеам на релација Скопје-Струмица. Два пати неделно се враќам дома. Децата веќе таму си учат, таму им е друштвото, па решивме со сопругата тие да си останат во Струмица. Сопругата ќе доаѓа со мене во Скопје само кога ќе има некои важни настани. Ќе преспивам во премиерската вила. Во Струмица живеам со мајка ми и татко ми, па тие ќе ни помагаат околу децата како и досега, вели Заев за Вест.мк.