Изјава за медиуми,
Зоран Заев, претседател на СДСМ
Скопје, 17.03.2017
Еве денеска како што е запознаена и јавноста, повикани сме под сомневање на злоупотреба на изборна кампања, ни беа презентирани индициите за злоупотреба за изборната кампања 2016 година. Јасно ни е тоа што ни беше презентирано, усно од страна на обвинителот. Договорен е следниот чекор, во среда во 12 часот, согласно постапката, да направиме увид во доказите за да можеме да ја дадеме нашата одбрана. Како што знаете овде сме да ја докажеме нашата невиност, почитувајќи ги институциите, во нормална законска процедура да ја докажеме невиноста за којашто сме под сомнение како организатори на изборна кампања, јас, едно вработено лице во администрацијата на СДСМ и правното лице СДСМ.
Одговори на новинарски прашања
Медиуми: За какви дела ве товарат?
Заев: Се работи секако за истрага, апсолутно ни е јасно за тоа што се работи, не би коментирал, заради тоа што во ваков дел на постапката од адвокатот сум поучен дека не треба да разговарам за деталите. Но, како што знаете, СДСМ има јавно објавен ревизорски извештај, ревизорскиот извештај заврши, ревизијата беше спроведена од Државниот завод за ревизија, согласно законите и за кампањата и за партијата СДСМ, апсолутно нема никакво сомневање во самиот извештај. Мислам дека има многу што да научи општеството од начинот на водење кампањи и организирање согласно законот како опозициска партија, којашто може да биде одличен пример за почитување на законите во делот на финансирање, организирање и спроведување кампања. Апсолутно индициите којшто ги имаат се доволен основ да бидеме повикани, за да ги дадеме сите наши докази и верувам дека тука ќе заврши целата постапка.
Медиуми: Г-дине Заев ова е истрага, предистражна постапка меѓутоа веќе има една кривична пријава против вас, како го коментирате тоа, кога како градоначалник ви е поднесена кривичната пријава има постапка која се води во судот?
Заев: Тоа беше јавно објавено, ние не можеме до денеска да знаеме дали е тоа против мене, или против друг висок функционер.
Медиуми: Зборувам за случајот Поткуп, како го коментирате тоа, дека нели Обвинителството за организиран криминал веќе Ви поднесе една кривична пријава се води кривична постапка против Вас, ова е веќе втор случај?
Заев: Коментарите се јавно познати и тоа многу често преку коментари на анализи и заклучоци на одредени медиуми, новинари, некој од еден аспект, некој од друг аспект, еве мојот коментар кој е. Секогаш кога СЈО ќе отвори некој предистражна, истражна постапка или обвинителен акт, Зоран Заев е таргетот на државното Јавно Обвинителство, оваа моја Македонија во последните години пред се од 2008 година, наваму, сите инструменти и механизми ги има употребено против мене, но истовремено сакајќи да направи одредено злосторство, веројатно, ја исправи правдата толку транспарентно пред јавноста, да ја вгради толку убаво надежта за враќањето на правната држава во Република Македонија. Јас сум радосен што сум еден од чинителите којшто даваат сериозен придонес во враќањето на правната држава во Македонија. Исправен сум секогаш пред институциите, знаете дека доцнев и на преговори во Пржино поради овие судски постапки и истражни постапки, предистражни постапки, еве завршуваат една по една и со пресуди каде што сите сомневања се отфрлаат. Јас сум убеден дека се што во мојот живот сум работел е согласно закон, а поради веројатниот реваншизам од страна на власта којашто е загрозена од досегашната опозиција која што е власт, во наредниот период што доаѓа го предизвика целото општество, пред се правниот систем, да го доведеме во функција на негово враќање во нормална држава во којашто значи и враќање на правната држава како основен постулат на уставниот темел на Република Македонија.
Медиуми: Вие поднесовте кривична пријава за истиот случај Поткуп, до каде е постапката?
Заев: Постапката немаме информации дали продолжува, во каква фаза е, дали е во предистражна постапка, дали се отворило истрага и слично, очекуваме да добиеме информации Знаете дека помина можеби и една година од отворањето на нашата отсапка. Нема ништо отворено од тој предмет, ниту сум известен како подносител на пријавата за злоупотреба на службени функции на одредени овластени лица.
Медиуми: Господине Заев, за реклами и пропаганда се пријавени далеку помалку пари од она што е потрошено. Зошто пријавивте помала сума на пари и сметате ли, свесни ли сте дека ова е еден вид на фалсификат?
Заев: Коментарите кои излегоа во јавноста се за првиот дел од извештајот. Знаете дека политичките партии поднесуваат дводелни извештаи. Конечниот извештај е прецизен до денар, буквално од она што е закупен простор за реклами, преку сите медиуми, национални локални и регионални и е платено сето она кое досега сме успеале да го платиме, овен она кое значи финансирање од државата 15 денари по глас. Ги чекаме тие 105 илјади евра, за да ги подмириме обврските кон оние 10-15 отсто останат долг кон медиумите. Некои медиуми се целосно исплатени согласно договорот, минутажата е јавно и до детали достапна до јавноста и она што е договорено е испочитувано или е целосно платено или ќе го исплатиме во законскиот рок, што значи исплаќање пари од државата. Ние имаме околу 105 илјади евра од гласовите кои ги добивме како коалиција и ќе си ги доплатиме своите обврски и се е апсолутно, 100 проценти согласно закон.