Заев: Ќе бидам премиер на сите граѓани, ќе обединувам, нема да делам

Мандатарот Заев пред пратениците и јавноста најави дека ќе предводи реформска влада. Според него, владата ќе се фокусира на три клучни темели -економија и живот за сите, силни професионални институции и правда за сите, како и интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО и перспектива за сите.

Новата Влада ќе ја укине Рафиодифузната такса, ќе ја врати евтината струја, ќе уведе бесплатно болничко лекување, ќе ги покачи платите на специјалистите до 100.000 денари, ќе ги намали комуналиите за изградба на куќа, судските, адвокатските и извршителските трошоци, студентска платежна картичка за млади, гасификација, , како и платите на наставниците, ќе го укинеме екстерното тестирање.

Најсериозна реформа ќе биде реформата во судството. Реизбор во судството ќе има според познати европски пракси. Специјално одделение во Основниот суд Скопје 1 во чија надлежност ќе бидат предметите од Специјалното јавно обвинителство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e