Заев јури кон тронот

Ме израдува ставот на Заев дека и по цена да не ги добие потписите на албанските пратеници, нема да дозволи чепкање по Уставот.
Се разбира, не затоа што јас многу се секирам за Уставот, туку затоа што знам дека Заев тоа не би го рекол така да не е веќе договорено да ги добие тие потписи без гибање во Конституцијата.
Неговата изјава, според тоа, не е декларација на неговите идни преговарачки позиции, туку резултат на тоа што е веќе договорено.
Плус интенцијата за смирување на можните тензии што ги навестуваа љубителите на граѓански војни со туѓи глави, меѓу другото и преку ширење на паника во редовите на чипираните идиоти со избивање на последниот полуадут со кој располагаа во загубената битка за спас на лидерот Груевски и на неговиот злосторнички режим, имено, промената на Уставот во корист на Албанците како казус бели за дефинитивен крах на Македонија во судирот со ВМРО-ДПМНЕ!

Бранко Тричковски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e