Заев ја презентираше програмата на владата. Еве што таа содржи

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, оддржа пресконференција на која ја образложи програмата на како што вели новата реформска влада која ќе биде влада на сите граѓани на Република Македонија.

Заев зборуваше дека е крајно време да претстанат сите поделби и предрасуди помеѓу граѓаните и повика на сплотеност и смиреност.

Целта на пресконференицјата е како што вели да ги разобличи сите невистини кои се појавија во јавноста како резултат на пропагандата на ВМРО – ДПМНЕ.

Постулатите на кои ќе се темели програта се подобар живот за сите граѓани, развој на економијата, владеење на правото, влез во Европската Унија и Нато, подобрување на меѓународниот углед на Македонија.

Еве ги клучните точки од програмата за која како што вели Заев се воделе од интересите на сите граѓани:

  1. Република Македонија ќе биде држава на сите граѓани и владата ќе се грижи за достоинството на сите граѓани преку едно обединето општество кое ќе носи стабилност.
  2.  Стратешки интерес ќе биде Европската Унија и Нато со вклучување на вистински реформи кое произлегуваат од извештаите на Прибе и други релевантни институции.
  3.  Подобар животен стандард на граѓаните со повисоки приходи за граѓаните со просечна плата од 30 000 денари на крајот на мандатот. Ќе се подржат домашните компании и ќе се преземат сет на мерки со цел намалување на животните трошоци за граѓаните.
  4. Праведен даночен и социјален систем
  5. Развој на домашните претпријатија со потикнување на извозот и зголемување на производните кашацитети со што ќе се овозможи отворање на нови и реални работни места и повисоки плати.
  6. Одговорна и транспарентна власт со институции во функција на граѓаните. Ќе има дебата за најважните работи од стратешки интерес за државата преку консултирање на клучните актери во државата како невладиниот секто, бизнис секторот вклучително и опозицијата.
  7.  Рамномерен регионален развој
  8.  Правен систем по исти аршини и правда за сите граѓанич; Специјално кривично одделение кое ќе ги истражи сите прислушувани материјали
  9.  Контрола на следењето на комуникациите
  10.  Независни и професионални медиуми
  11. Независни инстируции со администрација во служба на граѓаните
  12. Соодветна правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници
  13.  Закон на употреба на јазиците со целосно зачувување на македонскиот јазик согласно Уставот, но со проширени права на претставниците на граѓаните од други етнички заедници, со казни исклучиво за институциите доколку не обезбедат права согласно законот и без обврска некој да го учи јазикот на некоја друга етничка заедница. Институциите ќе имаат обрвска да обезбедат комуникација на македонскиот, албанскиот, турскиот, српскиот ромскиот и бошњачкиот јазик согласно со потребите на граѓаните.
  14.  Кампања за промоција за македонскиот јазик

Претседателот на СДСМ го повика претседателот Иванов, да ја прочита програмата на владата, да се вразуми и да го додели мандатот.

Заев ги повика другите партии од парламентарното мнозинство да ја разгледат и прифатат програмата на новата Влада а новата опозиција да даде коментари. Кажа и дека најверојатно ќе се свика парламентот за да се избере нов претседател на собранието, кој претседател и формално ќе го извести Иванов дека е формирано ново собраниско мнозинство со кој и официјално ќе почне да тече уставниот десетдневен рок во кој Иванов треба да го даде мандатот.

Заев проговори и за проблемот со името и повтори дека откако ќе се направи исцрпна дебата со сите актери во општеството вклучително и опозицијата ќе се направи национален конценсус со зачувување на македонскиот идентитет а во секој случај за секое можно решение ќе бидат конслултирани граѓаните.

На прашањата на медиумите дали ќе има промени во јазикот на парите и амбелимите на униформите на армијата и полицијата, Зав кажа дека тоа не е во согласност со Уставот и дека такво нешто нема да се случи.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e