Изјава за медиуми,
Зоран Заев, претседател на СДСМ и носител на кандидатска листа во изборна единица 4
Прилеп, 03.12.2016
Почитувани,
Прекрасно задоволство од Прилеп од градот на спортот да ги презентираме нашите мерки и решенија во нашата изборена програма во областа на спортот којашто верувам дека не ги засега само спортистите и спортските работници туку ги тангира сите родители сите наши граѓани без разлика дали професионално се занимаваат со спорт, дали се аматери или рекреативно се занимаваат со спорт.
Како што рече познатиот светски спортист Сергеј Бубка: „Едно евро инвестиција во спортот заштедува 7 евра од фондот за здравство.“ Нашата намера е да инвестираме во спортот, во спортистите, во спортските работници, во спортот како рекреација, заради тоа што сме убедени дека на тој начин ќе градиме здрава нација.
Власта на ВМРО ДПМНЕ во спортот создаде систем кој разединува, наместо да сплотува. Власта заборави на спортистите и репрезентативците и покажа понижувачки однос кон спортиските работници. Спортот мора да го вратиме на спортистите и спортските работници. ВМРО ДПМНЕ наместо да се грижи за спортистите ги остави како талог на општеството.
Затоа преку нашиот сет од мерки професионалните спортисти, спортски аматери, спортисти стипендисти ќе добијат пензиско и здравствено осигурување во зависност од нивниот статус или категорија. Секој репрезентативец на Република Македонија кој настапил на најмалку 10 официјални натпревари се стенкува со право на просечна пензија со навршени 40 години, старост, секако доколку нема друг професионален ангажман, како вработено лице.
Формирањето на спортски финанскиски фонд претставува една од најзначајните мерки во нашата програма во однос на спортот. Тоа ќе биде со посебна жиро сметка на којашто ќе се слеваат средства од уплати 3% од секој тикет за спортско обложување, 100% од средствата за добивање на лиценци за обложувалниците, 3% од уплатите во автомат клубовите, и 1 денар од акцизата за цигари, и 1 денар од акцизата за алкохол. Распределбата на средствата ќе ја врши 7 члена на националиниот спортски совет, составен од 5-те најуспешни федерации, плус претседателот на Македонскиот олимписки комитет и директорот на агенцијата за млади и спорт врз однапред усвоени критериуми.
Наместо досегашната законска наметната форма на регистрација на клубовите во акционерски друштва предлагаме укинување на задолжителната обврска за регистрација на спортските клубови во акционерски друштва со оставање на можност самите спортски клубови да ја изберат формата на нивна организација, но не исклучувајќи ја и можноста да продолжат да функционираат како Акционерско друштво. Бидејќи голем дел од нив не се користат, дел од ново изградените школски, спортски сали ќе се доделат на користење и управување на националните спортски федерации кои ќе стекнат можност да работат со сите младински категории преку целата година и ослободени од комерцијалниот притисок ќе овозможат на сите талентирани деца да тренираат без надоместок.
Ќе изградиме дом на спортови како спортско деловен комплекс во кој ќе се сместат сите национални федерации вкупно 32 на број денеска или 25 активни кои немаат свое седиште, а воедно ќе се рационализираат трошоците за работење на истите.
Истовремено секој правен субјект ќе добие можност до четириесет проценти од данокот на добивка да го инвестира директно во јавните дејности, пред се спортот.
Што значи тоа? Тоа значи ако некоја фирма има еден милион евра добивка за плаќање кон државата, шестотините илјади евра ги плаќа како данок на добивка, четиристотините илјади евра или до четириесет проценти од данокот на добивка ќе може да го инвестира директно во спортот и спортските клубови, репрезентациите или слично.
Моделот на кој што ќе го правиме е на почетокот на годината Министерството за финансии рангирано по категории на сите спортски клубови ќе им издаде ваучер согласно лигата во која што се натпреваруваат, масовноста на спортот или слично.
Ваучерот ќе биде дваесет и 25.000 евра, 30.000 евра, 300.000 евра, 500.000 евра се зависи од рангот на спортот и масовноста на спортот во кој што постои самиот спортски клуб. Истиот тој ваучер се инкасира во фирмите коишто имаат Данок на добивка.
Едноставна процедура, без било какви административни постапки, дополнително оданочување и проблеми од самите компании коишто ќе помагаат. Директно со доставување на ваучерот до одредена компанија таа ќе ги исплати средствата на самиот клуб.
Компаниите кога го плаќаат Данокот на добивка или она што се вика авансната уплата по Данок на добивка во тековната добивка го плаќаат шеесет проценти до четириесет проценти на министерството за финансии го доставуваат веќе добиениот ваучер од самите клубови.
Овој модел ќе даде одлични резултати во спортот и веруваме дека конечно спортот и спортистите ќе ги дигнеме на пиедесталот во ова наше општество. Ова е само дел од корпусот на мерки со кои ќе се остварат квалитетни спортски резултати во националниот систем на натпревари успех и високи резултати на спортистите.
Спортистите заслужуваат професионален третман. Спортот ќе биде високо на пиедесталот на приоритетите на новата Влада, предводена од СДСМ.
Дозволете сега само да ви презентираме мал дел од она што значи капитален проект во спортот од она што значи капитален проект во спортот во наредниот четиригодишен мандат, за кој што веќе постои еден милион евра грант преку Олимпискиот комитет на Македонија, а останатите милион и двесте илјади евра ќе го обезбедиме ние како влада за да можат сите федерации да имаат свој дом, свое седиште, свои канцеларии, а таму ќе бидат исто така и спортска библиотека, спортски музеј сето она со кое што се гордее нашата Македонија.