Денеска ги посетив моите пријатели, штитениците од Заводот за заштита и рехабилитација во Банско. На денот кога го славиме раѓањето нов живот, во пријатна атмосфера, им ја честитав Новата година и Божиќните празници посакувајќи им добро здравје и среќа. Нашето дванаесетгодишното заедничко дружење продолжува со нови убави моменти поминати заедно. – напиша на фејсбук претседателот на СДСМ, Зоран Заев.