Заев денеска и утре во Женева на економски форум на тема „Стратешки дијалог на Западен Балкан”

Премиерот Зоран Заев, денеска и утре ќе присуствува на состанокот на Светскиот економски форум во Женева, Швајцарија на тема „Стратешки дијалог на Западен Балкан”.

На состанокот во Женева најавено е присуство на лидерите од Западен Балкан и претставници од поширокиот регион. Ќе бидат присутни и претставници од Европската комисија и Светскиот економски форум.

За вечерва е предвидена работна вечера, додека утре Заев ќе има работна сесија со учесниците на Светскиот економски форум.

На состаноците се очекува да се разговара за политичката и економската клима во Европа, за предизвиците и можностите на политички и економски план, за развојот на Западен Балкан и фокусот кон позитивна агенда за иднината на регионот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e