Здравствените работници и хронично болните први ќе ја добијат вакцината против коронавирусот. Кога ќе пристигнат ваквините тие ќе бидат распоредени по протоколот. Сепак, јас би бил еден од првите, за да ги охрабрам и другите да се вакцинираат, изјави премиерот Зоран Заев во емисијата „Само интервју“.
Тој додаде дека Владата е подготвена да разработи јавна кампања.
„Веќе отворивме дискусија со медиумите и работниците за таа мерка да допре до сите. Одговорноста за примање на вакцината е одговорност за јавното здравје.
Запрашан зошто ги прифатил вакцините од Бугарија, Заев рече дека доколку тоа би било одбиено ќе било толкувано како непријателски гест од македонска страна.
„Ако имаме намера да продолжиме пријателски да се однесуваме со тој наш сосед, така треба и да се однесуваме. Подадената рака е подадена. Јас го поздравив тој чекор на премиерот Бојко Борисов“, нагласи Заев.