Кандидатот кој го договориле Заев и Ахмети ќе биде соопштен утре, со оглед на тоа што Заев не е денеска во државата.
За кандидатот што го договориле лидерите на двете најголеми владејачки партии, според информациите, потоа ќе се бара согласност од другите партии во коалицијата, како и од Извршниот и Централниот одбор на СДСМ. Имиња не се соопштуваат, освен дека постапката за евидентирање на можните кандидати во општинските организации на СДСМ дефинитивно ги исфрли како фаворити Радмила Шекеринска и Оливер Спасовски, како автентични партиски решенија и Никола Димитров и Стево Пендаровски, како можни непартиски кандидати. По вчерашната „помирувачка“ средба Заев – Ахмети, сепак, најмногу шанси им се даваат на Спасовски и на Пендаровски, во зависност од тоа дали одлуката е да се оди со партиско или непартиско решение.
Извор: Независен
