Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови по влажни коловози, наместа со остатоци од снег по нашата интервенција, соопштија од „Македонија пат“
Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинските превои Маврово, Ѓавато, и на патниот правец Крива Паланка- граничен премин Деве Баир, а укината е забраната за Стража и за Плетвар.
Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Д.Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
Од ЈП „Македонија пат“ апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот и додават дека дежурните екипи на се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.