За прв пат во земјава операција за менување на полот – маж ќе стане жена

За прв пат во земјава во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, ќе се изведе хируршка интервенција за промена на пол, маж ќе стане жена. Интервенцијата ќе се изведе во рамките на Симпозиумот за генито-реконструктивна хирургија која од 1-3 јуни се одржува во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

Операцијата ќе ја изврши хирургот Мирослав Ѓорѓевиќ, кој раководи со Центарот за генитална хирургија во Белград.

Хирургот Ѓорѓевиќ раководи и со Центарот за генитална хирургија во Белград и до сега направил повеќе од 1.500 операции за промена на полот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e