ред повеќе од две години бил авто-лимар во скопски сервис за мерцедес, потоа е вработен директно во петтата управа на УБК, во четврток беснеел во Собранието додека синоќа судот му одреди домашен притвор, објави Телма.
45-годишниот скопјанец вработен во УБК е единствениот кому синиќа судот му одреди домашен притвор, додека 4-ца приведени добија 8-дневен притвор. Останатите двајца кои синоќе беа сослушани во судот останаа без пасоши затоа што судијата на претходна постапка им одредил мерка на претпазливост.
Од обвинителството потврдија дека е уапсено уште едно 8-мо лице осомничено за учество во толпа која ќе оневозможи службени лица. Останатите 7 се недостапни за полицијата, а од обвинителството велат дека продолжуваат со истрагата за целосно разоткривање на идентитетот на насилниците.
Притворениот инспектор од УБК бил дел од групата. Полициски извори на Телма велат дека скопјанецот бил автолимар, а потоа пред две години успеал да биде вработен во тајната полиција и тоа во 5-тата управа која е надлежна за следењето на комуникации.
Во 5-тата управа се одвивало нелегалното прислушување за што СЈО ги води и случаите Таргет и Тврдина.
Покрај притворениот инспектор на МВР, во толпата која упадна во Собранието имало и други негови колеги од 5-тата управа, но најголем дел од нив останал пред собраниската зграда од каде следеле што се случувало, набљудувале и пренесувале информации по телефон. .
СДСМ вчера обвини дека во толпата и меѓу напаѓачите имало и потполковник на АРМ, полициски инспектор, разузнавач и тие безбедносни агенти били измешани со осудени убијци, рекетари, дилери на дрога и насилници.
Од МВР засега нема повеќе информации колку нивни вработени учествувале во крвавите инциденти, а министерот Агим Нухиу изјави дека е почната постапка и во внатрешната контрола.