Се одложи судскиот процес против кандидатот за пратеник од Шарената револуција, Павле Богоевски.
Причина за одлагањето беше отсуството на неговиот адвокат, Сашо Дуковски.
Богоевски е обвинет за нанесување штета на фасадата на Министерството за култура за време на протестите од шарената револуција.
Новото рочиште е закажано за 30-ти јануари следната година.