За 10 денари поскапуваат цигарите на 4 брендови

Лоша вест за пушачите – поскапо ќе треба да плаќаат кутија цигари.
Цената на цигарите на „Империјал Тобако“ се зголемуваат за 10 денари. Станува збор за цигарите „Родео“, „Вест“, „Давидоф“ и „Жаде“…
Зголемувањето е дел од редовното усогласување со државната акцизна политика, која предвидува постепено зголемување на акцизите за тутунските производи до 2030 година.
Секој 1 јануари до 2030 година, според најавите, акцизата за цигарите ќе се зголемува за 0,23 денари по парче, објави Фактор.мк
Јавноста во очекување и на санкциите кои ќе ги донесе новиот закон за пушење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e