Српскиот претседател Александар Вучиќ на заедничката прес конференција на лидерите од Запден Балкан која штотуку заврши во Охрид порача дека нема никому да му се правда.
-Јас изгледа дека имам поинаков став од останатите и немам намера никому од ЕУ да се додворувам. Немам намера да се повторувам како папагал, супер е тоа што сите сакаме да бидеме дел од ЕУ, но тоа не зависи само од нас туку и од нив. Ова не е прашање ние да им се додворуваме, ние ова го правиме заради нашите граѓани и луѓе. Дали имаме некој друг пат? Немаме, но најважен е животот на нашите граѓани, па доколку живото на граѓаните во регионот е поквалитетен тогаш подобар ќе биде животот и во Србија. Најголем дел од поволностите ќе ги искористи С. Македонија, па Албанија, па дури тогаш Србија. – рече Вучиќ.
-Имам спротивно мислење од Рама за Косово, но каква врска има тоа со ова. Што имате против тоа да ги преминуваме границите? Кажете ми што имате против тие идеи, освен празни приказни за големиот патриотизам? Разговорите меѓу нас и Албанците секогаш пропаѓале бидејќи во сите разговори, по 20 минути почнуваме да зборуваме кој е подобар…Сега кога сме возрасни и одлучни „да не плукаме едни по други“ ајде да го запреме таквиот начин на комуникација. Нема ниту едно нешто кое би можело некому да му пречи. -порача српскиот претседател.