Втора жртва од компликации од грипот – почина 24 годишна девојка

Поради компликации од сезонскиот грип на КАРИЛ завчера починала 24-годишна девојка. Станува збор за пациентка со Даунов синдром. Пациентката на Клиниката за анестезија и реанимација била 10 дена поради други заболувања.

Ова е втор смртен случај од компликации од гриот за три дена. Во вторникот на Клиниката за детски болести почина и петгодишно дете кое било во тешка состојба, а претходно се лекувало во болницата во Козле од воспаление на белите дробови.

-И двата случаи се со коморбидитет. За детето утврдивме дека имало астма, а девојката на КАРИЛ што почина била со Даунов синдром. Починале поради тешко оштетување на белите дробови и црниот дроб, изјави Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје.

Според последните извештаи на ИЈЗ, сезоната на грипот се уште не е почната, бидејќи пријавени се релативно мал број заболени. Се очекува бројот да расте. лекот „тамифлу“, според надлежните, го има во доволни количини.

До 28 јануари до 3 февруари пријави се 1.252 случаи со симптоми на грип, што двојно повеќе од претходната недела.
Извор: НоваТВ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e