Мнозинството врховни судии не го поддржа рефератот со кој ќе се отвореше простор за укинување на притворот на Сеад Кочан, неофицијално дознава Алсат-М.
Иако требаше да се разгледува, претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски ја повлекол другата точка на дневниот ред, со која ќе се забранеа сите прислушувани разговори како доказ во судска постапка. Засега не е познато кога, но и дали оваа точка повторно ќе се најде на дневниот ред.