Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и посвежо, со мала локална облачност и со умерен, долж Повардарието засилен северен ветер. Температурата ќе се движи од 6 до 16 Целзиусови степени.
Во Скопје слично време со температура до 13 Целзиусови степени.
До среда времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а до вторник и со умерен до засилен северен ветер, особено во источните делови и вдолж Повардарието.
Во четврток ќе има зголемување на облачноста, а кон крајот на денот и во текот на ноќта кон петок и врнежи од дожд, особено во западните и северните делови.
Утрово најстудено e во Лазараполе, Берово и Маврово каде се измерени минус три степени. Според мерењата еден степен под нулата било во Крушево, нула во Скопје, Пожар, Тетово, Прилеп, Битола, Демир Капија, 2 во Пожаране, Крива Паланка, Струмица, 3 во Ѓуриште, Тополчани, Охрид, 4 во Претор, Виница, 5 во Штип и Куманово и 8 степени во Дојран и Гевгелија.