Следете ја во живо панел дискусијата на ЦИВИЛ на тема „Жртви на режимот – сведоштва и слики“ што ја организира невладината ЦИВИЛ.
Слободан Богоевски, Емел Рамковска и д-р Тодор Пиперков, жртви на режимот, ќе говорат на панел дискусијата. Модератор на дискусијата ќе биде Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ.
Голем е интересот на јавноста за оваа тема, особено по одржувањето на панел дискусијата на 21 декември 2019 година. ЦИВИЛ уште еднаш ќе ја отвори оваа тема во јавноста, за да не се заборават злоделата на еден авторитарен режим.